Повеќе здруженија на пациенти во допис до Филипче бараат хронично болните да се вратат на работа според одредени критериуми

Повеќе здруженија на пациенти на утринскиот состанок договорија во заеднички допис до министерот за здравство хронично болните хронично болните да се вратат на работа според одредени критериуми. Затоа како што информираат не сите пациенти со хронични заболувања се со висок ризик: Здруженијата ги посочија следните предлози.
- Дел од хроничните болести кои се со најголем ризик на смртност од КОВИД 19 да останат ослободени од работа (списокот на најризичните хронични болести да биде доставен од соодветните клиники до комисијата за заразни болести);
- За помалку ризичните случаи на пациенти со хронични болести да се одлучува индивидуално (односно потврдата да ја издаде специјалистот соодветно според болеста, лекувањето, работното место на кое се наоѓаат пациентите);
- За специјалистите да може да вршат соодветно контролни прегледи за да издадат потврда, да се обезбедат посебно термини на клиниките (пример втора смена на работа и дисперзија преку субспецијалисти и специјалисти во други градови освен Скопје).
- Комисијата за заразни болести и Министерството за Здравство да објават листа на коморбидитети кои се забележани кај починатите од КОВИД 19 (тие дијагнози соодветно да се ослободат и понатаму од работа).
- При донесување на одлуки за засегнатите пациенти, докторите специјалисти и институциите да ги контактираат соодветните здруженија за да се донесат правилни одлуки.
За ова се договорија повеќе здруженија прирустни на состанокот: БОРКА, ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ, Национално здружение за МС, Здружение за ХМЛ, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, НЕФРОН, ХЕПАР центар, ПЕПЕРУТКА, Алијанса на Пациентски Организации - АПО.
Тие се надеваат дека ќе бидат земени предвид нивните предлози и бараат да се одржи состанок со претставници на здруженијата, Комисија за заразни болести и Министерство за здравство.
Александар Динев
Ново на Сител
-

Тојота го претстави новиот ГР ГТ
-

Премиерот Мицкоски очекува брза процедура за избор на нов главен јавен обвинител
-

Уставниот суд го одбележува Меѓународниот ден на човековите права со промоција на Документарец и повик за активно граѓанско учество
-

Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина
-

Кривична за Оливер Спасовски, спречил одземање лиценца на технички преглед во Сарај
-

Салиу: Обвинет сум за кривично дело со претпоставки, а не со докази, под притисок на јавноста и политички игри
-

Кривична за директорка на градинка во Кочани, вработила лице како негувател без да поседува лиценца
-

Од почетокот на декември до вчера 6151 сообраќајни прекршоци
