Македонија
8. January 2017 - 19:45

Повеќе загинати во сообраќајни несреќи во Тетово

Во тетовско во текот на 2016 година се случиле повеќе сообраќајки во споредба со 2015 година. Имало 802 сообраќајни несреќи или 61 повеќе од преходбната година. Најзагрижувачките е тоа што двојно се зголемил бројот на загинатите. 

-Лани во 11 несреќи животот го загубиле 13 лица, додека во 2015 година бројот на загинатите изнесувал 7.Четириесет и осум несреќи минатата година завршиле со тешки телесни повреди, 301 со лесни, а во 442 била причинета само материјална штета, Марјан Јосифовски 

Најголемиот број од сообраќајките се случиле на тетовските улици. 

-Потоа на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и регионалните патишта Тетово-Пирок, Тетово-Волковија и Тетово-Скопје.Најчеста причина за несреќите повторно е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење. Најкритичен ден е вторник, додека најмногу несреќи регистрирани се во периодот од 14 до 16 часот, Марјан Јосифовски 

Минатата година, 90 несреќи ги предизвикале животни, претежно кучиња-бездомници, евидентирани, исто така, се и 118 излетувања од коловозниет ленти како последица на неприлагодена брзина, додека во 72 несреќи учествувале пешаци.