Повеќе загинати и повредени во силната снежна бура на североистокот на САД
Неколку луѓе загинаа, а поголем број се повредени во одделни инциденти во Њујорк, Пенсилванија и Њу Хемпшир, додека невремето, придружено со силен дожд и снег, го погоди североисточниот дел на САД.
Силните ветрови и обилните врнежи урнаа дрвја и далноводи, а во еден момент речиси 700. 000 домови и деловни објекти останаа без струја.
Повеќето корисници останаа без струја во Мејн и Њу Хемпшир, а локалните власти соопштија дека далноводите биле оштетени и урнати од обилниот снег.
Една жена загина кога дрво откорнато од ветрови до 80 км/ч паднало врз нејзиниот автомобил во предградие на Њујорк во средата, а друга жена загинала во четвртокот во пожар во Њу Хемпшир по експлозија на гас во куќа до која дошло кога дрво паднало врз куќата.
Нејзината ќерка е повредена и хоспитализирана, соопштија властите. Како што пренесе Си-Би-Ес Њуз, уште две лица загинале во средата во Пенсилванија при пад на дрвја од силниот ветер.
Претходно во Оклахома загина жена која се криела во одводна цевка, како и жена во предградието на Филаделфија врз чиј автомобил паднало дрво и уште едно лице кое учествувало во сообраќајна несреќа во Кентаки.
Десетици летови во регионот се откажани или одложени, а многу училишта и јавни установи се затворени во северните делови на САД.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Неготино
-
Владата го усвои предлогот за разрешување на Коцевски
-
16-годишник од Куманово со „ауди“ удрил во бетонска ограда од куќа и се здобил со тешки телесни повреди
-
Не застанале на знак за сопирање од страна на полиција, и притоа фрлиле марихуана од возилото во движење, кривична за две лица
-
Одложено судењето за убиството на кучето Феликс
-
Нивото на водата во Охридското Езеро 24 сантиметри под просекот за февруари
-
Ватикан: Папата Франциск и денеска е во критична состојба, поминал мирна ноќ
-
„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја