Повеќе возови ќе сообраќааат кон Битола, Кичево и Кочани

Со новиот возен ред, кој почнува од денеска, ќе има повеќе возови од Скопје кон Битола, Кичево и Кочани.
МЖ ТРАНСПОРТ информира дека од Скопје за Битола ќе возат шест возови со време на тргнување од Скопје во 1.40; 6:42; 14:30; 17:10 и 20:12 часот. Од Битола за Скопје возовите ќе тргнуваат во 3:10; 5:25; 12:50; 18:25 и 21:04 часот.
Со измените, кон Кичево ќе сообраќаат два воза кои од Скопје ќе тргнуваат во 2:50 и 16:50, а од Кичево за Скопје во 5:33 и 19:30 часот.
Кон Кочани, исто така, ќе сообраќаат два воза и тоа од Скопје за Кочани во 1:54 и 15:22 часот, а од Кочани за Скопје во 5:00 и 19:30 часот.
Од Скопје за Велес ќе сообраќаат 14 возови првиот во 1:40, а последниот во 22:40 часот. Во повратна насока, првиот воз од Велес за Скопје тргнува во 5:03, а последниот во 23:07 часот.
Железничкиот патнички сообраќај кон Табановци, Гевгелија и Волково останува непроменет. Кон Табановци ќе возат шест пара возови, кон Гевгелија три, а кон Волкови еден пар.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
