Повеќе скопски села и населби утре без струја

Без електрична енергија утре од 4:00 до 6:00 часот ќе останат корисниците од населбите Илинден, Марино, Бела Земја и објектот на „Белви“. Од 10:05 до 14:00 часот без струја ќе бидат објектите на „Волво“, „Суташ“ и „ДМ Транс“ во Општина Илинден.
Во периодот од 8:30 до 12:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Ефтим Спространов“ од бр.30 до бр.42 и дуќаните лоцирани на крстосница меѓу улиците „Трајко Иванов“ и „Ефтим Спространов“ во Општина Кисела Вода. Од 8:30 до 13:30 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Жил Верн“ и „Есенинова“ и дел од корисниците од улицата „Балканска“ во Општина Кисела Вода.
Без струја утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат и корисниците од улиците „Караорман“ и „Ганчо Хаџи Панзов“ во Општина Центар.
Во периодот од 8:30 до 15 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „7“ и „9“ во село Горно Соње и дел од корисниците лоцирани на улиците блиски до нив.
Без струја утре од 9:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од населбите Голиево и Горно Оризари, објектите на пречистителната станица Бразда и работилница „Златомир“ во Општина Чучер Сандево и дел од корисниците од улицата „95“ во селото Волково, Општина Ѓорче Петров.
Во периодот од 10:00 до 15:00 часот утре без струја ќе бидат објектите на ресторанот „Опатија“ и билетарницата кај стадионот, како и дел од корисниците лоцирани кај стадионот.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
-

Министерката Јаневска во инспекција во студентскиот “Стив Наумов” по обвунувањата дека домот се распаѓа
