Македонија
23. July 2018 - 14:56

Повеќе повредени во судар меѓу камион и автобус кај село Мамутчево

Тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион се случи денеска околу 13:20 часот на патот Велес-Штип кај селото Мамутчево. Во сообраќајката има повредени повеќе лица, информираат за МИА од МВР.

Лицата кои се повредени се пренесуваат во болницата во Велес.  

Увидот се уште е во тек.

Поради сообраќајна незгода, од 13:15 часот попладнево сообраќајот на патот Велес - Штип е во прекин, информираат од АМСМ.