Свет
17. November 2017 - 9:58

Повеќе од половина од главните германски тенкови „Леопард 2“ се надвор од употреба

Повеќе од половина од главните германски тенкови „Леопард 2“ се надвор од употреба, а значителен број борбени возила се сметаат само „условно употребливи“ затоа што им недостасуваат резервни делови.

Германската армија е позната по добрите тенковски единици, меѓутоа сега германските тенкови се соочуваат со проблеми, наведуваат локалните медиуми.

Само 95 од 244 тенкови „Леопард 2“ се подготвени за борба, наведува Функа медија груп, повикувајќи се на извештај на Министерството за одбрана.

Разоружени се 53 тенкови, седум се користат за тестирање, додека 89 возила се „условно употребливи“, затоа што не можат да се поправат без резервни делови.