Македонија
9. May 2018 - 19:39

Повеќе од 400 деца во Прилеп чекаат ред за упис во градинка

Прилеп доби нова градинка со капацитет од околу 100 деца која е сместена на првиот кат од ООУ „Рампо Левката“. Со оваа градинка на некој начин ќе се амортизира големиот притисокот за запишување на деца во градинките. На ред за чекање во Прилеп имало уште 400 дечиња. Денес беа најавени и нови градинки за градот.

„Во постапка е техничка и проектна документација за изградба на градинка во населбата Точила, се надевам дека до крајот на оваа година ќе биде завршена таа документација“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Министерката Царовска ги повика градоначалнициите да доставуваат потребни документи за изградба на детски градинки.

„Сите општини добија повик уште во месец ноември 2017 година на кој што министерството ги повика сите што имаат спремна техничка документација, готови проекти, легализиран простор, да аплицираат до Нинистерството за труд и Владата ќе изнајде начин како да го финансита секој проект“, вели Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

И граѓаните на Прилеп велат дека се чека премногу за запишување во градинките.

„Малку градинки се а има многу деца, јас за моето прво дете чеква 2 години за да го запишам во градинка“, вели една прилепчанка.

Инаку денеска на прес конференција ВМРО-ДПМНЕ обвини дека децата во Приилеп се примале во градинките по партиска линија, а поседувале и листи на кои биле напишани имињата кои потсетувале на функционери од СДСМ Прилеп.

„Oваа власт е ненародна и дискриминаторска. Не им беше доста вработувањето на внуцит, братучедите и другите роднини, па сега по партиски клуч сместуваат и деца по градинкитe“, вели Директорот пак тврди дека тие списоци не биле веродостојни.

„Ние имаме лисита од 500 деца кои стојат јавно, секој може да ги види и на тоа пишува име и телефонски број и секој од родителите кога ќе дојде толку што е среќен дека ќе му биде детето примено во градинка го грешава бројот и ние за да го знаеме кој е го пишуваме името“, изјави Орце Тодороски, в.д. директор на градинки „Наша Иднина“.

Инаку во Општина Прилеп има 11 градинки, 6 во градот и 5 во населените места, во нив се сместении 1.200 деца и 146 вработени.