Повеќе од 300 луге се евакуирани во централна Србија
Повеќе од 300 луге се евакуирани во централна Србија, а штетите од поплавите се санираат во педесетина општини. Водената стихија уништи патишта, мостови, станбени објекти, а штети има во јавните установи, болници, како и на земјоделските површини. Сообраќајот на дел од Ибарската магистрала каде се урна мост ќе биде саниран за десетина дена, соопшти ресорниот мнинистер. Сепак ситуацијата полека се смирува, а нивото на реките опаѓа. Престедателот Вучиќ ја повика премиерката Брнабк и министрите да го обиколат теренот, наместо да седат во своите канцеларии во Белград.
Ситуацијата во Северна Митровица и натаму е тензична. Белград ја обвини косовската полиција за малтертирање на локалното население, меѓу кои и две деца на возраст од 15 и 17 години кои биле запрени во Звечан додека се возеле со мотор, а потоа биле физички нападнати. Приштина демантира дека имало таков случај. Инаку, тензиите растат откако Србија на својата територија уапси тројца косовски полицајци. Во меѓувреме, нема потврда дека состанокот меѓу Курти и Вучиќ во Брисел, закажан за наредната, ќе се одржи. Приштина бара ослободување на косовските полицајци, а Белград пак на уапсените срби, но ниту едната ниту другата страна не се подготвени да го направат првиот чекор.
Најмалку 15 луѓе повредени, од кои две лица се во критична состојба во напад на собир во близина на Чикаго. Лугето биле насобрани пред помал трговски центар кога напаѓачот почнал да пука врз толпата. На терен се полициските сили, за што сведочи и видеото објавено на социјалните мрежи. На него се гледаат огромен број луѓе кои се обидуваат панично да избегаат, како и голем број полициски возила и екипи на итната помош.
-
Сања Сеизова Мрмова
Сите содржини од овој новинар
