Свет
28. August 2021 - 8:21

Повеќе од 20 лица загинаа во судир на два брода во Бангладеш

Повеќе од 20 лица загинале вчера во Бангладеш, а повеќе од десетина се водат како исчезнати, кога брод полн со патници удрил во товарен брод што превезувал песок.

„Досега пронајдовме 19 тела“, потврдил Анисур Рахман, главен полициски службеник во источната област Брахманбарија, каде што се случила несреќата, пренесува Ројтерс.

Според него, меѓу загинатите има жени и две деца, а операцијата за потрага по исчезнатите е во тек.

Полициските службеници немаат информации колку луѓе исчезнале, но патниците велат дека во бродот имало повеќе од 50 луѓе.

Стотици луѓе умираат секоја година во бродоломи во Бангладеш, каде што има многу водени патишта, но лоши безбедносни стандарди.