Потврдена слободата на велешанката Пале, која го усмрти партнерот додека ја давел
Скопскиот Апелационен суд ја потврди ослободителната пресуда за велешанката Павлинка Пале Иловска, која лани со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Таа беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Со ова, Илиовска, е целосно ослободена од вина, а пресудата е конечна.
Ослободувањето на Илиовска од вина, судијката Гајдова го оправда со тоа што таа се бранела од сега починатиот партнер. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец, се утврдило дека тој навистина ја давел.
„Согласно кривичниот законик, нужна е одбраната која е неопходна. Нападот и одбраната се неопходни елементи. Тој ја влечел, клоцал, ја стегнал околу вратот, неспорно се утврди од записникот за увид, по самиот увид на настанот кај обвинетата имало телесни повреди, изразени на главата, ногата и вратот. Натаму, на овој доказ се надоврзува телесниот преглед на обвинетата“, рече судијката во февруари минатата година кога ја изрече пресудата.
Случајот на Пале Иловска предизвика лавина реакции во јавноста откако се дозна дека таа неколку пати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во постапката, Пале докажуваше дека таа го убила со убод во нож, додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана. Таа беше и во куќен притвор.
Ново на Сител
-

Даниел Раевски - волонтер и спасувач на Црвениот крст кој за Водици извлече давеник од Вардар
-

Во Франција патник казнет со 200 евра зашто гласно зборувал на телефон
-

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции
-

Нормализиран сообраќајот на автопатот Велес-Скопје
-

Барал 100 евра за да избрише судска казна 200 евра и 6 месеци забрана за управување возило, уапсен судски службеник во Гостивар
-

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови
-

ЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
-

Општина Кисела Вода: Активиран Кризен штаб, континуирано се чисти снегот
