Потврдена е автентичноста на аудиопораката на првата дама на Хаити
Мартин Моиз, вдовицата на убиениот претседател Хаити, Жовенел Моиз, ги повика жителите на Хаити да ја продолжат „битката“ што ја водеше нејзиниот покоен сопруг во нејзината прва изјава по нападот, во кој беше и таа беше повредена.
Во аудиопорака од 2 минути и 20 секунди, таа го припишува вооружениот напад на „платеници“ и мотивот за атентатот го поврза со желбата на претседателот да одржи референдум за одобрување на нов устав, пренесува Бгнес повикувајќи се на Дојче веле.
– Жива сум, вели таа на креолски во пораката објавена на Твитер. „Жива сум, но го изгубив сопругот Жовенел“, додава таа во снимката, чија автентичност ја потврди министерот за култура и комуникации на Хаити, Прадел Хенрикес.
Моиз беше убиен во средата во неговиот дом од вооружена група од 28 мажи (26 Колумбијци и двајца Американци од Хаити), од кои 17 беа приведени од полицијата на Хаити, а тројца се убиени. Првата дама доби лекарска помош во локална болница пред да биде префрлена во Мајами.
Ново на Сител
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
-

Еврејската заедница на иста линија со претседателката: Потребен е посебен полициски надзор за објектите на еврејската заедница
-

26.046 денари е новата минимална плата, Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС и најави протести
-

Во среда ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование
-

Утре ќе се прави уште една ексхумација на жена, поради сомнеж дека е жртва на серискиот убиец од кумановско
