Потврден првиот случај на коронавирус во Грција
Позитивни се резултатите на коронавирус од примерокот на 38-годишна жена во Солун, со што е и потврден првиот случај на Ковид-19 во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Жената неодамна патувала во Италија, а е во добра здравствена состојба, како што соопшти портпаролот на грчкото Министерство за здравство и научен соработник во грчката Национална организација за јавно здравје, професорот Сотирис Циодрас.
-Потврден е првиот случај на вирусот во Грција. Станува збор за Гркинка, на 38-годишна возраст, која патувала во регион во северна Италија. Во добра здравствена состојба е, ја следи тим од одлични колеги во Солун. Во овој момент, се проверуваат нејзините контакти и нејзините блиски контакти, доброволно ќе бидат ставени во изолација и ќе се следи нивната здравствена состојба, рече Циодрас.
Ново на Сител
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Во стабилна состојба повредените од пожарот во Кочани
-
Последен поздрав за жртвите
-
Објавени имињата на жртвите - слава им!