Потврден коронавирус кај куни и во Грција
Властите во Грција го потврдија присуството на Ковид-19 на две фарми за куни на северот на земјата, објави официјално лице од Министерството за земјоделство.
Вирусот, откриен на фармите, сè уште не е мутиран, а властите наредија да се убијат 2.500 куни од фарма во северниот регион Кожани, изјави за „Ројтерс“ официјален претставник на грчкото Министерство за земјоделство.
Одгледувач на куни на една фарма е исто така заразен со коронавирус, а во моментов се спроведува тестирање на Ковид-19 меѓу другите вработени.
Трговијата со крзно е важна гранка на индустријата во Кожани и блискиот округ Касторија, каде што се наоѓа друга фарма за куни.
Се проценува дека има стотици илјади животни на грчките фарми.
Ковид-19 беше откриен на фармите во Грција неколку дена откако данските власти усвоија план за убиство на сите 17 милиони куни во земјата, по евидентирани случаи на инфекција со мутиран коронавирус кај животните.
Ново на Сител
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Лишено лице од прилепско кое пукаше со оружје | ВИДЕО
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск
-
Протести низ Европа против Трамп
-
Претежно облачно и студено време со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија