-->
-->
Потврден деветти случај на коронавирус во Грција
-->

Грчки државјанин, кој патувал во Израел и Египет, е деветтиот потврден случај на новиот коронавирус во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Професорот Сотирис Циодрас, кој е претставник за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, соопшти дека лицето е хоспитализирано во изолација, во болницата во грчкиот град Патра, а во тек е детално следење на контактите на Гркот.
Како што објави МИА, утринава беше потврден осмиот случај на новиот коронавирус во Грција, кај маж од Солун кој имал близок контакт со веќе заразена жена со Ковид-19 во Грција.
Од потврдените девет случаи на Ковид-19 во Грција, четири се во Солун, четири во Атина и последниот во градот Патра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
