Бизнис
9. December 2020 - 16:33

Потрошувачката кошничка за една година пораснала за речиси 900 денари

За речиси 900 денари пораснале трошоците само за сметки и храна на домаќинствата за период од една година. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, во ноември годинава едно просечно четиричлено семејство за храна и пијалоци требало да одвои 507 денари повеќе отколку истиот месец лани. Додека трошокот за комуналии се зголемил за 378 денари.
Поскапувањето на основните продукти е забележително и за граѓаните.

Според податоците за ноември, за задоволување на основните потреби на едно просечно четиричлено семејство му се потребни најмалку 33.742 денари, што е за 1.016 денари повеќе од истиот месец лани.

Дека поскапуваат основните прехранбени продукти потврдуваат и податоците од Државниот завод за статистика, според кои на годишно ниво најмногу пораснала цената на маслото за речиси 15%, а позначајно поскапеле и зеленчукот (за 12,5%) и овошјето (за 5,8%).