Потроши 14.000 долари за да личи на Дизни принцезите, еве како заработува сега
Американката Сара Ингл (25) потрошила вистинско мало богатство за да личи на принцезите на Дизни, но без да направи ниту еден хируршки зафат.
Оваа девојка од Орландо тврди дека е родена со натприродно големи очи, срцкасто лице, ситно носе и полни усни поради што луѓето отсекогаш и велеле дека личи на кукла или Дизни принцеза.
Така дошла на идеја да почне да работи како имитатор на омилените детски ликови и во тоа вложила се што имала заштедено.
Потрошила 14.000 долари за да соше костими на Бел, Пепелашка, Снежана, Малечката сирена, Аурора, Мерида, Елса ... а купила и различни перики за тоа.
Сара која има постојана работа во маркетингот, своето слободно време го троши на необичната страст, а за да се преправи во секоја принцеза и треба околу 3 часа.
Материјалите за овие костими ги набавува од различни краеви од светот, а за да сошие еден фустан и се потребни и до 6 месеци.
Многу е популарна на детските забави, а за да се појави наплатува по 145 долари.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата