Бизнис
25. January 2016 - 14:19

Потрошени 682.684 МWh eлектрична енергија, 66,2 отсто од домашно производство

Во Република Македонија во ноември потрошени се 682.684 МWh електрична енергија, 15.332 мил. нм3 природен гас, 481.014 тони јаглен и 88.206 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66,2 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,1 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен и се употребени за производство на електрична енергија.