Свет
20. November 2015 - 13:37

Потресно сведоштво на Стефан: Јас им бев жив штит на терористите

Заложниците од крвавата драма во концертната сала во Париз ја раскажаа страотната приказна. Еден од нив е 39-годишниот Стефан Т. кој бил фатен од терористите, а тие му рекле: Нема да те убиеме, само следи не! Страотни 180 минути терористите го држеле како жив штит пред себе додека сееле смрт и страв. 

- Не донесоа заедно и не седнаа. Ни рекоа може да му се заблагодарите на претседателот, тој е виновен што го правиме ова. Мора да патите поради него, вели потресениот Французин. Тој додава дека му кажале дека ги оставиле децата и жените во Сирија под бомби, и дека се дел од Исламската држава, а дошле за да ги одмаздат семејствата и крвта пролиена во нивната земја.

Стефан бил на балконот кога тие влегле внатре. Помислил да избега, но потоа легнал бидејќи знаел дека ако стане ќе пукаат. Ги видел терорирстите како држат Калашникови. Слушал пукотници лежејќи, а тие неколку пати дополнувале муниција. Двајца му пришле и му рекле: Дојди со нас нема да те убиеме.

Тројца од заложниците биле ставени пред вратата, додека тој бил поставен пред нив, пред прозорецот. Видел двајца вооружени полицајци на улицата. Го забележале и продолжиле да се движат. Потоа, терористите побарале од заложниците, од кои две биле жени, да испратат порака на полицајците. 

- Кажете им имаме заложници, сакаме преговори, рекле терористите, а потоа дознале дека дел од заложниците се пар, момче и девојка, па нив ги испратиле заедно да зборуваат со полицијата. Им рекле дека ако не се вратат заедно, тој што ќе дојде ќе биде убиен. 

Меѓу себе терористите зборувале на Арапски. Им барале на заложниците кои се до вратата да слушаат што се зборува надвор и да пренесуваат, а откако им рекле дека молат за помош, тие се насмеале и рекле: Супер, како нашите жени и деца во Сирија.

Заложниците на полицијата и кажале дека внатре има терористи вооружани со оружје и со бомби на себе. Стефан сметал дека ќе се разнесат и мислел дека никој нема да се спаси. Во еден момент му заѕвонел телефонот, иако се обидувал неутешно да го стави на вибрации.

Потоа, за неколку минути терористите почнале да ги земаат заложниците пред себе како жив штит кога полицијата дошла на вратата. Се изгасило светлото и полицијата влегла. Стефан забележал експлозија до нозете, па легнал на земја. Видел како еден од терористите лежии со едната рака го држи детонаторот, но не го притиснал. Стефан се свртел и видел крв и многу мртви тела. 

Кога завршила драмата, не можел да поверува дека се спасил.