Потресно сведоштво на Ѓуриќ: Во емисија раскажа за хоророт
Шефот на Канцеларијата за КиМ, Марко Ѓуриќ, кој завчера беше уапсен и брутално претепан во Косовска Митровица, утринава откри дека се уште не ги погледал снимките од неговото апсење.
Гостувајќи во утринската програма на ТВ Пинк, Ѓуриќ рекол дека не може ни да ги гледа, додека не се слегне целата работа.
Тој опишал како изгледал дивјачкиот упад во Митровачкиот двор, дека тоа било варварско дивеење за кое немало никаква причина, дека луѓето таму се собрале да разговараат за иднината на Косово, дека терористите ги ударале со кундаци како животни, дека ги клоцале и газеле. Тој нагласил дека единствена цел на сето тоа било да се заплаши српскиот народ и да се натераат луѓето да го напуштат Косово.
-Се сеќавам дека ме врзаа, ме влечеа на колена до оклопниот транспортер, каде изживувањето се зголеми, ме дрежеа за коса и главата ми ја удараа од вратата на транспортерот и само ја креваа да прават селфи, а потоа, кога излегоа од Митровица, пресреќи што е така, почнаа да пеат Алаху екбер, ми туркаа калашњиков во стомак, цевката ја држеа на моето стапало. Во тој момент се помирив со се. Кога завршија со пеење, еден од нив извади нож и со потег преку вратот ми покажа што ми следува. Во тие моменти мислев на нашите луѓе во Митровица и на моите деца. Имам две ќерки од 2 и 1,8 години. Тоа ми даде сила да издржам – рекол Ѓуриќ.
Кога стигнавме, а по должината на возењето сфатив дека сме во Приштина, не можев да одам, бидејќи ме повредија додека ме возеа со транспортерот, па само ме фрлија на земја од транспортерот, а таму стоеше разулавена маса која беше подготвена за линч, снимајќи со телефените. Ме влечеа за крватата, а еден од нив ни пикна два прста во устата и така ме влечеше за лицето- додал Ѓуриќ додаваји дека бил задоволен што не се засрамил, што не пуштил солза.
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
