Бизарно но вистинито
22. September 2016 - 15:13

Потресни снимки: Очув фрла 3-годишно девојче во базен се додека не се удави!

Жозе Давид Н.  осуден е на 100 години затовир, бидејќи во август 2015 година, ја фрлил посвоената 3-годишна ќерка во базен се додека не се удавила.
 
Монструозниот очув бил осуден врз основа на снимките од безбедносните камери кои прикажуваат како во вода тој го фрла 3-годишното девојче кое со сите сили се бори за да дојде до воздух. Во неколку наврати тој за коса го влече 3-годишното девојче. Девојчето се удавило откако останало без сила, а очувот потоа телото го однел во автомобилот.
 
Додека се тоа се случувало нејзината мајка спиела а кога станала и сфатила што се случува веднаш повикала полиција.
 
Трагедијата се случила во хотел во мексиканскиот град Морелија.