Свет
22. September 2022 - 16:37

Потресни сцени од мобилизацијата во Русија - билет до Белград се продава за 12.000 евра

Почна мобилзирањето на руските резервисти. Мажите ги напуштаат родните села и градови придружени со расплакани семејства.

Исплашени да не бидат опфатени со наредбата за мобилизација, многу Руси веќе успеаа да ја напуштат Русија и пристигнаа во Ерменија, Турција и во Србија.

- Значи, делумната мобилизација е една од причините зошто сум овде. Многу лош чекор и се чини дека може да доведе до многу проблеми за многу руски граѓани.

- Секако, јас сум загрижен. Не верував дека следниот чекор ќе биде мобилизација и чувствувам дека не многу Руси сакаат да се борат и сакаат да бидат мобилизирани и сакаат да одат во војска. Така е тоа.

Се бега и во Финска и Грузија. На граничните премини се забележуваат гужви и долги километарски колони возила.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека извештаите за егзодусот на полнолетни мажи од Русија по одлуката на Путин за делумна мобилизација се „претерани“.

Информациите за возбудата на аеродромите и така натаму се многу претерани беше многу претерано. Има многу лажни информации за ова. Треба да бидеме многу внимателни за ова за да не станеме жртва на лажни информации за оваа работа. Специјалната операција почна да ги исполнува целите во Украина. Сега сме де факто соочени со НАТО блокот со сите нивни логистички можности. Ова доведе до овој неопходен чекор мобилизација.

Очајот кој владее низ Русија беше очигледен и на протестите кои синоќа беа органзиаирани ширум земјата. Русите се побунија против одењето на укрианскиот фронт, скандирајки Путин е убиец.

Протестите завршија со над 1300 уапсени лица во 38 градови.

Руската влада се уште не прецизирала кои категории граѓани ќе бидат изземени од мобилизацијата на резервисти со воено искуство. Треба да бидат мобилизирани 300 000 од 25 милиони резервисти.

Синоќа се случи и најголемата размената на затвореници помеѓу Русија и Украина од почетокот на војната, со посредство на Турција и Саудиска Арабија. Киев доби 215 Украинци, меѓу кои над 100 бранители на челичарницата Азовстал и пет команданти на Азовскиот пол прогласен за терористистичка организација во Русија.  Украина врати 55 руски борци, но и Виктор Медведчук близок човек на рускиот претседател, а кум на неговата керка е токму Путин. Само за него било ослобдени 200 украински војници.

Русија ослободила и 10 мина странски државјани кои се бореле на страната на уркаинската војска. Во меѓувреме ЕУ најави заострување на санцкиите против Русија и зголеемна испорака на оружје за Киев, по одлуката за мобилизација.