Џет-Сет
9. January 2017 - 15:34

Потресна порака: Еве како Сека Алексиќ се збогува со починатиот татко!

Сека Алексиќ го загуби својот татко Милорад на 6. јануари, на Бадник. пејачката прв пат после смртта се огласи на друштвените мрежи и објави емотивна порака посветена на својот татко.
 
- Патувај со ангелите срце мое! Велат дека само посебни луѓе умираат на големи празници... Мојот татко Милорад ја имаше таа можност, душата да ја испушти на Бадник. На денот кога се слави раѓањето на Исус Христос! Секогаш ќе ја паметам твојата позитивна енергија, распеаност.
 
Највеќе си се радувал денот кога сум се родила и на мама си и рекол дека ќе бидам твоја пејачка. Вистина, тоа и станав, никој не беше посреќен, знаејќи дека пеењето е мојата љубов, од тебе! Затоа, драг мој тато јас нема да тагувам. Твојот земен живот заврши затоа што го продолжи вечниот живот, многу повеќе вреден од овој!
 
Ќе се радувам и ќе пеам! Си замина на најрадосниот ден! Доживеа да во своите раце го држиш своето внуче, никој не беше посреќен од тебе! нека ти е вечна слава душо моја! Твојата горда ќерка!, - напишала Алексиќ на Инстаграм.