Балкан
19. November 2017 - 19:14

Потресна исповед на момчето по страотната несреќа: Изгубив двајца другари, повеќе не ми се живее!

Поради брзината „тојотата јарис“ во која биле четворица пријатеи од Смедеревска Паланка излетала и се зачукала во бандера. Браќата кои седеле напред преживеаја, додека момчињата на задното седиште загинале на самото место.

Милош Шиљак (16) и Павле Орловиќ (16) загинаа, додека Миљан Ѓукиќ (21)  и неговиот брат Ф.Ѓ. (16) се повредени во страотниот судар кој вчера рано утрото се случи во улицата Крал Петар во Смедеревска Паланка.

Несреќата се случила кога „тојотата јарис“ со која управувал Миљан Ѓукиќ, излетала од патот и се зачукала во бандера, а потоа се превртела на покрив. Настраданите момчиња седеле на задното седиште, додека повредениот брат на возачот Ф.Ѓ. бил на совозачкото седиште. Неофицијално причина за трагичната несреќа е големата бризина, но детали ќе се знаат по завршувањето на истрагата.

Брзина и алкохол

-Бевме на роденден кај другар и мојот постар брат требаше да не врати дома. Незнам што се случи и како излетавме од патот. И натаму сум во шок. Изгубив двајца другари, повеќе не ми се живее - рече кратко вчера преживеаниот патник од „тојотата“ Ф.Ѓ.

Видно вознемирен и потресен, тој вчера е пуштен од болница каде му се констатирани полесни повреди. Полицијата во текот на вчерашниот ден, не успеала да разговара со неговиот брат Миљан Ѓукиќ, кој е задржан на болничко лекување.

-Момчињата биле на роденденска прослава, од каде Ѓукиќ требало да ги донесе до куќата на настраданиот Шиљак за да преспијат кај него. По доаѓањето сепак се одлучиле да се вратат во град и да побараат друго место за забава. Кога стигнале во градот се било веќе затворено па тргнале назад. Тогаш се случила несреќата. Првите резултати покажуваат дека причина за несреќата била неприлагодената брзина, но и алкохолот, вели извор од истрагата.

Живеел со братот

Смедеревска Паланка од вчера е завиена во црно поради загинувањето на двајца тинејџери и на улица речиси да нема насмеан жител. Тинејџери од целиот град вчера во групи доаѓаа пред куќите на настраданите другари за да им изразат сочуство на семејствата.

-Ве молам немојте. Го изгубив синот, имајте разбирање - беше единственото што таткото на настаданиот Орловиќ, ученик во Техничкото училиште го кажа, додека пред куќата примаше сочуство.šće.

Во населбата Циглана, каде живееше покојниот Шиљак вчера немало никој.

-Голема трагедија. Милош уште беше гимназијалец и живееше со постариот брат кој му беше и старател. Татко му почина пред неколку години, а мајката живее и работи во Швајцарија, раскажа една соседка на Шиљак.

 

Страотна глетка, ги извлекувале пожарникари

Очевидци велат дека глетката била страотна.

-Ме разбуди силен тресок. Погледнав низ прозорец и видов смачкано возило и деца како викаат. Сите соседи излегоа на улица, а покрај лекарите интервенираа и пожарникари, кои ја сечеа каросеријата за да ги извлечат момчињата. Двајцата на задното седиште не даваа знаци на живот.