Потрагата по третото момче ќе трае додека не се пронајде, велат од македонскиот конзулат во Солун
Претставник на македонски конзулат во Солун за Сител вели дека двете спасени момчиња се во добра здравствена состојба и дека потрагата по третото момче е во тек и ќе трае се дури не се пронајде.
- Двете момчиња се во добра здравствена состојба. Потрагата по третото момче е се уште во тек и нема да биде откажана додека не се пронајде, вели претставник на македонскиот конзулат во Солун за Сител.
Од Македонскиот конзулат во Солун за Сител велат дека се во постојана комуникаци со блиските на трите момчиња.
- Во контaкт сум со сите и имаме најава дека родителите на третото момче ќе пристигнат утре. Значи во постојана комуникација сум со сите коишто се поврзани со трите момчиња, односно сите роднини и пријатели, додава претставникот на македонскиот конзулат во Солун.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Во судницата во затворот Идризово стартува судењето за „Адитив“
-
Пратенички прашања во Собранието, Трајко Славески ја превзема функцијата гувернер на НБРМ
-
Владата ги објави деталите од оперативниот план за вработување тежок 40 милиони евра
-
Земјоделците се повеќе се заинтересирани за добивање на државно земјоделско земјиште под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Ратификуван договорот за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација