Македонија
4. August 2015 - 17:37

Потпрограмата „Медиа“ дел на програмата на ЕУ „Креативна Европа“ е достапна и за македонските медиуми

Саморегулацијата на медиумите во Македонија функционира одлично.Позитивната оцекна доаѓа дирекно од Брисел а минаната недела му била соопштена на министерот за информатичко општество.

По направената анализа, европската Унија констатирала дека директивите кои се однесуваат  на тој дел се услогласени со европското законодавство, а тоа пред се се должи на Саморегулаторното тело креирано од македонските медиуми, вели Ивановски. Со ова земјава има право да користи пари од попрограмата Медиа, а таа можност ќе ја имаат националните медиуми кои имаат обврска да продуцираат документрни и играни серии.

-Сите медиуми во Република Македонија сега ќе имаат можност да аплицираат за финансиските средства на Европската унија и со тоа да креираат аудиовизуелни дела коишто ќе бидат поквалитетни, и во содржина и во начинот на нивната обработка, и со тоа да се освојуваат други пазари, односно да се креираат содржини кои ќе може да се продаваат надвор од територијата на Македонија, изјави министерот Иво Ивановски.

Со потпрограмаат Медиа корист ќе имаат и културните работници, преку корподукција, вмережување и меќународна соработка со претсатвниците од аудиовизулениот сектор.

-„Медиа“ обезбедува поддршка на конкретни професионални потреби за претставниците на овој сектор, поддршка на иницијативи за дистрибуцијата на аудиовизуелните дела и нивни пристап до пазарите; иницијативи за развој на проекти или збир на проекти; поддршка за продукција на телевизиски програми или видеоигри, изјави министерката Канческа Милевска.

Министерството за култура веќе седум години успешно ги користи парите од програмата на Унијата- Креативна Европа и  досега се реализирани 80 проекти.