Потпретседателката Харис обезбеди доволно гласови за номинација од Демократската партија за кандидат за претседател на САД
Американската потпретседателка Камала Харис освои доволно делегатски гласови за да биде номинирана од Демократската партија за учество на претседателските избори во ноември, соопшти претседателот на Демократскиот национален комитет Џејми Харисон.
Процесот на онлајн гласање завршува в понеделник, но Камала Харис веќе го надмина прагот денеска и го освои мнозинството од гласовите на делегатите
– Чест ми е што сум потенцијален демократски кандидат, рече Харис во разговор со поддржувачите, додавајќи дека формално ќе ја прифати номинацијата следната недела.
Официјалната номинација се очекува да биде финализирана до 7 август, иако партиската конвенција во Чикаго планирана е да почне за нешто повеќе од две недели.
Потпретседателката на САД изјави дека е возбудена за иднината, но дека е свесна дека „и претстои многу работа“. „Моќта е во народот. Ќе победиме на овие избори“, нагласи таа.
Во меѓувреме, Харис вклучи тројца соработници на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, во својот предизборен штаб за претстојните претседателски избори.
Вклучени во предизборниот штаб на Харис се Дејвид Плуф, Стефани Катер и Мич Стјуарт.
Плуф е политички стратег кој ја водеше успешната претседателска кампања на Обама во 2008 година и работеше како виш советник во неговата предизборна кампања за реизборот во 2012 година.
Катер, која беше шеф за комуникации во Белата куќа, беше и заменик-менаџер на кампањата на Обама.
Нејзината фирма има договор да ја организира Демократската национална конвенција помеѓу 19 и 22 август во Чикаго. Стјуарт, како и Плуф, работеше за Обама за време на двете негови изборни кампањи.
Сега тој доаѓа како висок советник во кампањата во најспорните држави во трката меѓу демократите и републиканците.
Повеќе моќ во изборниот штаб на Харис сега оди кај Дејвид Биндер, кој, како и кога работеше под Обама, ќе го води тимот за испитување на јавното мислење, сега следејќи ги и медиумските трендови.
На чело на изборниот штаб на актуелната потпретседателка на САД е ветеранот од кампањата Џен О’Мали Дилон, која водеше три успешни кампањи – двете на Обача и онаа на Бајден.
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите - членки на НАТО
-
ОН загрижени за случувањата во Јужна Кореја
-
Во израелски напад убиен припадник на Хезболах, задолжен за врска со сириската војска
-
Зеленски: Украина тестираше нови ракети од сопствено производство
-
Осумдневен притвор за млад скопјанец кој се обидел да запали знаме
-
Истрага и побарана мерка притвор за лице кое поседувало амфетамин во Инџиково
-
Претседателот на јужнокорејскиот Парламент вели дека војниците го напуштаат парламентот
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец