Потписи се собираат за кандидирање шест независни листи на пратеници
Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) се собираат потписи за шест листи за кандидирање на кандидати за пратеници во Собранието на изборите закажани на 12 април. Според информациите од ДИК, досега нема пријави за ниту еден кандидат дека собира потписи на нотар, што е нова одредба во Изборниот законик со последните измени донесени пред распуштањето на Собранието.
Секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидати за пратеници. Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на изборната единица, општината, односно Градот Скопје.
За да може да биде поднесена до Државната изборна комисија, за листата треба да бидат потпишани најмалку илјада избирачи.
Рокот за собирање потписи за кандидирање на независни листи на пратеници завршува на 6 март на полноќ.
Потписи за кандидирање на кандидати за пратеници во Собранието на изборите на 12 април во Изборната единица 1 собираат група избирачи предводени од Емилија Гелева. Потписите се собираат во подрачните одделенија на ДИК во Центар, Кисела Вода и Карпош и канцелариите во Чаир и Кичево.
Во Изборната единица 2 потписи на кандидати за пратеници се собира за листата на група избирачи предводена од Игор Цветковски. Потписите се собираат во Гази Баба, Карпош, Чаир и Куманово.
Во Изборната единица 6 потписи за кандидирање на кандидати за пратеници се собира за листата на група избирачи предводена од Исмаил Бојда. Во оваа изборна единица се собираат во одделенијата на ДИК во Гостивар, Тетово и Кичево.
Во Изборната единица 4 потписи за кандидирање на кандидати за пратеници се собира за листата на група избирачи предводена од Петар Котевски. Потписи се собираат во одделенијата и канцеларите на ДИК во Битола, Струмица, Валандово, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Прилеп и Радовиш.
Во Изборната единица 5, потписи се собираат за листата на група избирачи предводена од Горан Тасковски. Потписи се собираат во одделенијата и канцелариите на ДИК во Дебар, Битола, Демир Хисар, Кичево, Крушево, Маврово Ростуше, Охрид, Ресен и Струга.
Во третата Изборна единица потписи за кандидирање на кандидат за пратеници се собираат на листата за група избирачи предводена од Зоран Мијалков, а потписи се собираа во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во Штип, Свети Николе, Велес, Кочани, Виница, Берово, Делчево, Куманово, Крива Паланка.
Листите на кандидати за пратеници во Собранието политичките партии и групите избирачи треба да ги достават најдоцна до 12 март на полноќ.
Ново на Сител
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух