Потпишување спогодба за основање локален економско-социјален совет во Радовиш

Во Радовиш денеска ќе биде потпишана спогодба за основање локален економско-социјален совет во општината, во рамки на проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија.
Целта на проектот е подобрување на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок.
Спогодбата ќе ја потпишат градоначалникот на Општина Радовиш Сашко Николов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски, претседателот на организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија Благода Ралповски.
Локалниот економско-социјален совет (ЛЕСС) ќе има консултативно--советодавна фунхкција, ќе разгледува прашања и ќе дава мислења, предлози и препораки до градоначалникот и Советот на Општината за одредени прашања од економско-сцијалната сфера.
Во советите ќе партиципираат и претставници од Центарот за вработување на општината, средните училишта, како и од невладините организации и здруженија на граѓани.
Во рамки на првата компонента, зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво, проектот поддржува основање на шест економско-социјални совети, преку иницирање и поддршка на преговори помеѓу општините, синдикатите и работодавачите, потпишување спогодба за основање ЛЕСС и опремување на секретаријатите на ЛЕСС со мебел и компјутерска опрема.
Преку проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, досега се основани пет локални економско-социјални совети и тоа во Ресен, Велес, Свети Николе, Струга и Кичево.
Ново на Сител
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
