Потпишани протоколите за „One stop shop“ на преминот Табановце-Прешево
Со цел подобрување на движењето на граѓаните и трговијата и олеснување на сообраќајот преку државната граница помеѓу Северна Македонија и Србија, вчера во Скопје беа потпишани засебни протоколи за имплементација на Спогодбата за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце – Прешево, помеѓу надлежните институции на двете земји.
Како што соопшти МВР, потпишувањето на протоколите следува по парафирањето на Договорот меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија во Белград на 12 јули за воспоставување заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево од страна на министерот Оливер Спасовски и неговиот српски колега Небојша Стефановиќ.
На потпишувањето на протоколите делегациите ги предводеа државните секретари на двете министерства Магдалена Несторовска и Милосав Миличковиќ.
-One stop shop е проект на кој сме особено горди и искрено се надевам дека ове ќе биде добар пример за сите држави во регионот. Потпишувањето на протоколите за спроведување на Договорот помеѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Србија за заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај се доказ дека заедничките сили, соработка и вклученоста на институциите на крај резултираат со успех кој ќе биде од полза на граѓаните од двете држави, рече Несторовска.
Директорот на Царинската управа Ѓоко Танаскоски изрази задоволство од потпишувањето на протоколите, потенцирајќи дека поблиската соработка меѓу службите резултира со поуспешно откривање на нелегални прекугранични активности, а со тоа се зголемува безбедноста.
Државниот секретар Миличковиќ рече дека граничниот премин Прешево-Табановце е еден од најпрометните премини, особено во текот на летото кога голем број на граѓани на Република Србија преку него се упатуваат кон Грција, па со „One stop shop“ значително ќе се скрати чекањето на граничниот премин.
-Од воспоставувањето на заедничка контрола ќе имат дирекна корист граѓаните на Србија и Северна Македонија. Ова е јасен показател дека раководствата на двете земји носат решениај за секојдневните проблеми на граѓаните, рече Миличковиќ.
По завршувањето на останатите формалности, наскоро ќе почне да функционира „Оne stop shop“ на ГП Табановце-Прешево.
Ново на Сител
-

Модриќ може да се пензионира по Светското првенство
-

Артета прогласен за тренер на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26
-

СЗО: Бројот заразени со хантавирусот се искачи на 13, ситуацијата и натаму стабилна
-

Мицкоски го честита Курбан Бајрам: Да продолжиме заеднички да градиме општество на разбирање, единство и почитување
-

Приведени двајца криумчари на мигранти од Косово, поднесена им е кривична пријава и определен притвор од 30 дена
-

Истражување: Половина од Грците не планираат да одат на одмор годинава
-

Сиљановска - Давкова ќе ги прими учесниците на 4. Форум за културна дипломатија Скопје 2026
-

Најстудено утро во Берово со измерени девет степени

