-->
-->
Потпишан меморандум за соработка меѓу Кочани и Разлог, Бугарија
-->

Градоначалниците на Кочани Ратко Димитровски и на бугарски Разлог Красимир Герчев, денеска во Кочани потпишаа меморандум за соработка.
Со меморандумот се интензивира соработката помеѓу овие две општини во рамки на прекуграничната соработка и заедничкиот настап пред фодновите на ЕУ.
Градоначалникот Димитровски потсетувајќи дека соработката со Разлог трае повеќе години, истакна оти со потпишувањето на овој меморандум таа се интензивира во рамки на реализирање проекти од програмата за прекугранична соработка, како и заеднички настап пред фодновите на ЕУ.
- Воспоставената соработка на образовен, културен и спортски план успешно се остварува, истакна градоначалникот Димитровски.
Со општина Разлог, истакна тој, работиме на реализација на проектот за заштита на животната средина и користење на електричните автомобили во двете општини.
Градоначалникот на општина Разлог, Красимир Герчев очекува успешна соработка во делот на заедничката реализација на проекти од непосреден инетерес за граѓаните на двете опоштини, а од започнатите проекти во образованието очекува успешни резултати.
Делегацијата од општина Разлог ги посети и изворите на Геотермална вода кај село Подлог -Кочанско и се запозна со потенцијалот и нивната искористеност, како и со перспективите за изградба на бањолошки центар и топлификација на дел од градското подрачје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
