Потпишан Меморандум за соработка меѓу АЦВ и ФЕИТ

Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) ќе соработуваат преку меѓусебна поддршка при инвестициски активности, обезбедување студентска пракса, давање препораки за вработување, како и развојно-истражувачки проекти преку соработка на експертски и професионални тимови, едукативни активности и континуирано образование на инженерско-технички кадар.
За спроевдување на активностите денеска Меморандум за соработка потпишаа директорот на АЦВ Горан Јандреоски и деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски.
Според Јандреоски, Меморандумот е значаен за унапредување на соработката меѓу двете институции, но и солидна основа за мотивирање на студентите од факултетот, да влезат во натпревар на знаења и стекнување нови вештини и искуства, знаејќи дека нивниот труд солидно ќе биде трасиран, валоризиран и награден.
- Соработката меѓу АЦВ И ФЕИТ, преставува импулс повеќе во развојот на севкупните општествени процеси, кои налагаат, образование во функција на потребите на индустријата, но, и неопходност, знаењето да остане единствената моторна и мериторна сила, двигател на европски ориентираните перспективи на македонското општество, порача Јандреоски.
За деканот на ФЕИТ, Димитар Ташковски, потпишувањето на Меморандумот со АЦВ, покрај зголемување на соработката е создавање услови за меѓусебна поддршка при реализација на нивните цели.
- Како Факултет соработуваме со многу институции и компании при реализација на нашите истражувачки, едукативни и образовни функции. Нашите студенти во иднина ќе имаат можност да реализираат пракса и во АЦВ, ќе работиме на развојно-истражувачки проекти преку соработка на нашите eкспертски и професионални тимови, секако и ќе обезбедиме континуирано образование на инженерско-техничкиот кадар. Иако досега сме соработувале со АЦВ, во иднина ќе ја продлабочиме меѓусебната соработка и преку размена на информации од заеднички интерес, одбележување деловни, годишнини и јубилеи, наведе Ташковски.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
