Потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на Законот за рестриктивни мерки

Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на Законот за рестриктивни мерки денеска во Клубот на пратеници потпишаа министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски, за надворешни работи Бујар Османи, заменик обвинителот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Ферат Елези, директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу.

Меморандумот претставува основа за постапување во рамки на законските надлежности на овие институции во насока на градење ефективен и ефикасен систем во примената на меѓународните рестриктивни мерки, засновано на начелата на законитост, непристрасност и независност, професионалност и стручност во постапувањето, а во врска со одредбите од Законот за рестриктивни мерки.

Преку него на едно потесно оперативно рамниште, појаснуваат од МВР, се дефинираат низа можности и активности што треба да се преземат со цел постигнување максимална функционалност во спроведувањето на нормите пропишани во Законот за рестриктивни мерки хармонизиран со законодавството на ЕУ, меѓународните норми при ООН или другите мултилатерални или билатерални акти што нашата земја ги има верификувано.

– Интенцијата е стриктно почитување не само на преземените меѓународни облигации, туку и градење механизми кои ќе имаат за цел да придонесат во одржувањето на меѓународниот мир, безбедноста, почитувањето на човековите права и основните слободи и развојот на демократијата и владеењето на правото, соопштија од МВР.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
