Бизнис
19. October 2021 - 16:32

Потпишан меморандум за Коридорот 8

Градежните работи на пругата кон Бугарија ќе продолжат догодина. Во тек е избор на изведувач за првите две делници каде работите застанаа кога претходната фирма од Германија си замина и еднострано го раскина договорот. Овие две делници тежат 200 милиони евра. За третата делница која е најсложена ќе бидат потребни 420 милиони евра за нејзино комплетирање и засега нема рокови кога ќе почнат работите. Целиот проект е исклучително сложен, ќе има 91 мост и 32 тунели, и граничниот премин ќе биде во тунел. За комплетирање на железничкиот Коридор 8 денеска меморандум потпишаа Бочварски и неговите колеги од Бугарија и Албанија.

Пругата кон Бугарија е идеја стара три децении, како краен рок за реализаација сега се наведува 2027 година. За комплетирање пак на целиот железнички Коридор 8 ќе треба да се изгради и 70 километри пруга од Кичево до албанската граница. Проекти има, сега се бараат пари за овој дел. Власта најавува дека работите на оваа делница ќе завршат до 2030 кога целиот Коридор ќе биде готов.