Македонија
21. April 2021 - 16:36

Потпишан е заемот за изградба на БРТ системот во Скопје, треба да профункционира во 2025 година

Со трамвајот на тркала граѓаните за 30тина минути ќе патуваат од Ѓорче Петров до Ново Лисиче. Градоначалникот заедно со надлежните министри го потпиша договорот за заем од ЕБОР од 70 м евра. Со овој проект очекуваат да се намали аерозагадувањето и  сообраќајниот метеж. Предвидени се два коридори кои ќе бидат само за автобусите, една од Ѓорче Петров до Ново лисиче и втората од Бутел до Кисела Вода.  Дневно по 65.000 граѓани ќе можат  го користат брзиот јавен превоз.

Автобусите ќе бидат со хибриден погон во должина од 18 метри, со можност да се вклучат и подолги автобуси од 24м. Лентата ќе биде резервирана само за трамвајот а граѓаните со едночасовна карта ќе можат да патуваат од една до друга точка во главниот град.

Летово ќе биде распишан тендерот кога се очекува да почне изградба на трасата, депоата и набавката на автобусите,  целиот систем на БАС РАПИД ТРАНЗИТОТ најавија дека ќе биде завршен 2024-2025година.