Потпишан договор за меѓуопштинска соработка помеѓу Oпштините Берово и Пехчево
Потпишан договор за Меѓуопштинска соработка меѓу Oпштините Берово и Пехчево. Договорот го потпишаа градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски и градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, кои при средбата, истакнаа дека унапредувањето на општинските услуги на кој било начин, е секогаш со цел, на граѓаните да им се овозможат побрзи, поквалитетни и посуштински услуги.
Од страна на општина Берово, градоначалникот Пекевски најави институционална и техничка поддршка при изработката на заеднички стратешки документи.
– Сметаме дека Договорот е од исклучително значење во насока на зголемување на меѓусебната соработка и унапредување на капацитетите за поквалитетни услуги на граѓаните. Во таа насока Општина Берово планира да овозможи институционална и техничка подршка при донесување и изработка на неколку клучни документи, како и во постапките кои значат легализација на бесправно изградени објекти и бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште, како и учество во постапката за издавање
на одобрение за градење во електронска форма за објекти на градежно и земјоделско земјиште, рече Пекевски.
Меѓуопштинскиот договор, како што додаде беровскиот градоначалник, предвидува и соработка во делот на комплетна услуга од градежната и урбанистичката инспекција, комплетна услуга од сообраќаен инспектор, како и комплетна услуга од просветен инспектор.
Освен со Пехчево како дел од програмата „Меѓуопштинска соработка за подобра испорака на услуги и пристап кон ЕУ“, општина Берово има потпишано договор и со општините Делчево и Виница.
Ново на Сител
-

„За плата се бориме, не се молиме“ – ССМ на првомајски марш
-

Мицкоски: Протестот на ССМ е дел од традиционалните првомајски работнички протести
-

Ракија, скара и пивце - среќен Ден на трудот
-

Мицкоски: Во евроинтеграциите стануваме први во регионот - СДСМ: Поблиску сме до Србија отколку до Црна Гора
-

Притвор за двајца скопјани за пожарот во Еврејската зедница, ќе одговараат за тероризам
-

Започна изградбата на катната гаража во Охрид
-

Зголемен број на повици во скопската Брза помош поради временските промени
-

По шест децении интерното одделение на струмичката болница целосно реновирано

