Потпишан договор за ИПАРД 3 програмата
Европската Унија преку ИПАРД 3 програмата на земјоделците им дава нови 97 милиони евра. Парите, наменети за модернизацијата и развој, се неповратни и можат да се искористат до 2027та година. Новина во програмата е што ќе бидат поддржани и проекти за повтормо пошумување и заштита на шумите, како и за советодавни услуги и рурална инфрастуктира
Секако дека има предизвици. Парите треба транспарентно да се користат. Затоа оваа година аплицирањето и распределбата на парите од ЕУ ќе биде електронски. На тој начин ќе се скрати времето и ќе се зголеми транспарентноста, изјави Дејвид Гир, европратеник
Министерот за земјоделие е задоволен од досегашниот интерес за користње на евроспките пар. Велчи, нема село што ја нема табалата на ЕУ.
До сега се потпишани 2,400 договори, а исплатени над 2,100 договори. Што значи толку договори, поминале по строгите европски контроли и се реазлизираче, вели Љупчо Николовски, министер за земјоделие
Преку модернизација и поголемо производството се очекува да се намали недистогот на храна, а високата цена на земјоделските производи да биде минато.
Ние стремиме и да стенеме извозник на земоделсеки производи, кои се квалитетни и конкурентни, изјави Фатмит Бесими, министер за финансии
Инаку до сега преку ИПАРД 1 и 2 искористени се 70 милиони евра.
Надлежните очекуваат дека до крајот на годината ќе бидат искористени уште 10 милиони и со тоа ќе бидеме лидер во регионот по искористеност на европските пари.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар