Македонија
20. April 2016 - 9:57

Потпис на Јанис Варуфакис понуден на продажба на интернет аукција

Интернет продавницата Ибеј на аукуциска продажба нуди потпис на поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, објави порталот Њуз.ин.

Почетната цена на автограмот на Варуфакис е 59,99 евра. 

Ова не е прва интернет продажба поврзана со Варуфакис. Минатото лето австралиска интернет страница продаваше производи со ликот на поранешниот грчки министер за финансии. 

Ликот на Варуфакис беше испечатен на машки и женски маици, чаши, футроли за мобилни телефони, здолништа, ремени и детска облека.