-->
-->
Потер ќе добие 25 милиони евра обесштетување од Челзи
-->
Раководството на англискиот фудбалски прволигаш Челзи ќе му исплати на својот поранешен тренер Грахам Потер обесштетување од околу 25 милиони евра, објави вчера „Скај спорт“.
Поради серија слаби резултати Челзи вчера му врачи отказ на Потер, кој од доаѓањето во септември лани ја предводеше лондонската екипа на 31 натпревари со учинок од 12 победи, осум нерешени и 11 порази.
Потер потпиша петгодишен договор со Челзи според кој требаше да заработува 13.65 милиони евра по сезона.
Лондонскиот клуб требаше да му плати на Потер обесштетување од 57 милиони, но Челзи постигна договор на својот поранешен тренер да му исплати околу 25 милиони евра компензација поради предвремениот раскин на соработката.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров