Балкан
1. September 2015 - 8:33

Потами бара од Грците да ги отфрлат Сириза и Нова демократија

 Лидерот на грчката партија Потами, Ставрос Теодоракис ги повика Грците да ги отфрлат главните кандидати во изборната битка, Сириза и Нова демократија, велејќи дека е „стара бајка“ да се верува дека еден од нив може да ја спаси Грција.

- Грција не сака да се врати во минатото на Ципрас, или во минатото на Меимаракис, изјави Теодоракис на предизборната средба со граѓани во Солун на која одговараше и на новинарски прашања.

Лидерот на Потами, исто така го обвини Ципрас дека е „неверојатно бесрамен“ што бара од гласачите апсолутно мнозинство „кое ќе му даде можност да донесе нови лоши одлуки“.