Посвоиле девојче од Уганда: Ја нашле во сиропиталиште, а кога ја одвеле дома и ја кажало ужасната вистина, веднаш го вратиле
Посвојувањето деца од земјите од третиот свет во последните неколку години стана популарно кај богатите семејства на запад. Тоа го направија да речеме и Анџелина Џоли и Мадона. Сепак, колку и да звучи позитивно, сепак постојат злобни луѓе кои се подготвени да ги искористат тешките животни приказни и децата за да дојдат до парична корист.
Џесика и Адам Дејвис од САД веќе имале четири деца, но сеедно одлучиле да посвојат уште едно дете, 6-годишно девојче од Уганда. Им кажале дека малечката Намата останала без своето семејство. Таткото и починал, а мајката не се грижела за неа, па никогаш не ја испратила на училиште. Агенцијата која го организирала посвојувањето му кажала на семејството Дејвис дека нејзината мајка не може да се грижи за неа, па посвојувањто на девојчето било вистинско решение. Тие се согласиле и во 2015 година се упатила во Уганда, но не во нејзиниот дом туку во сиропиталиштето, во кое немала ниту играчки, па дури ни соба со прозорец.
Девојчето им се допаднало на прв поглед, па одлучиле да ја посвојат и да ја одведат со себе во САД. Но што научила англиски, Намата почнала да им раскажува како и недостасува нејзината мајка. Се што кажало девојчето било потполно спротивно на она што го слушнале од агенцијата за посвојување. Токму се било апсолутна лага. Сфатиле дека биле излажани и дека посвоиле дете кое сречно живееле со својата мајка.
Ги известиле институциите кои успеале да стапат во контакт со мајката на Намата.
Но она што го виделе никако не било вообичаена реакција на злоставувано дете. Токму спротивно, Намата била пресреќна кога ја видела својата мајка преку видео повик. Со нејзината биолошка мајка договориле дека ќе ја школуваат и ќе ја вратат кога ќе го заврши образованието.
Организацијата Ријунајт Уганда, кое се занимава токму со вакви проблеми, подоцна дознала дека Намата практично била грабната од своето семејство заедно со уште седум деца од нејзиното село и испратена во сиропиталиште за да можат измамниците да дојдат до пари. Семејството Дејвис знаело дека нејзиното посвојување било обична измама па Намата по една година ја вратиле во Уганда каде сега живее со својата мајка. Иако изгледало дека ќе остане без своето семејство, нејзината приказна сепак добро заврши, а во семејството Дејвис пронајде добри пријатели со кои ќе остане во контакт веројатно до крајот на животот.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје