Постојат и луѓе со големи срца: Гест на возач на ЈСП за кој сите му симнуваат капа
Добрите дела секогаш остануваат забележани. И не е секогаш се црно околу нас.
И да, се уште постојат луѓе кои имаат големо срце.
Статусот е пренесен во целост:
Петок, некаде околу 17 часот, во 15ка, автобус на ЈСП…
Ќе се зачудиш ли ако шоферот излезе од автобусот откако сите патници влегле?
Некаде по булеварот, покрај една од автобуските постојки минува девојка на велосипед со корпа напред, од која паѓа ракавица. И ете, за изненадување шоферот излезе на постојката, ја зеде ракавицата и влегувајќи ко да се правдаше:
-“Ќе и ја дадам ако ја минеме некаде”.
И навистина. Ѝ ја даде. Ја мина по неколку постојки кога веќе таа кутрата сфатила дека ја нема и пребаруваше по корпата.
-“Греота е, и јас возам велосипед, знам ќе ѝ замрзнат рацете”
Да си ја наполниш душата од ваквите луѓе. Да ти е мерак да запознаеш понекогаш ко за промена некој таков.
Ракувајќи се со него го прашав за име.
Големите луѓе, се големи во срцата.
Заслужуваат да им се спушти капа.
Те поздравувам добар човеку!
За Иле Анчевски. За возачот на ЈСП.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро