-->
-->
Постои надеж за Михаил Шумахер
-->
За многумина надежта дека Михаел Шумахер би можел повторно да биде оној стариот исчезна. Но надежта дека легендата на Формула би можел доволно да се опорави како би имал достоен живот оживеа после "невнимателната" реченица на неговата менаџерка Сабине Кем.
-Во текот на својата кариера Михаел сочува поголем дел од своите болиди, одела и кациги. Во овој момент имаме план да ги претставиме на јавноста во музеј, кој сакаме да го отвориме во чест на неговите успеси, кажа Кем и така разбуди надежта кај бројните фанови на ликот и делот на германскиот генијалец, дека тоа "ние" се однесува баш на него и дека Шуми учевствува во наведените планови без оглед што се уште е на интензивна програма за опоравување.
А мечтаењето, надежта и нагаѓањата се единствено што и преостанува на јавноста со оглед дека семејството на Михаел во строга тајност ги чува сите детали врзани за неговата здравствена состојба.
Шуми со седум титули е најтрофејниот возач во историјата на Формула 1, а тешката несреќа ја доживе на самиот крај на 2013 година на скијање во Франција. И додека во прв момент не се чинеше дека повредата на главата е сериозна, па некои сведоци дури велат дека и зборувал при влегувањето во хеликоптерот, а покасно се покажа дека Михаел има повреди опасни по живот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност