Македонија
19. September 2023 - 21:15

Постои ли конфликт меѓу Мицкоски и Груевски?

Лидерот на опозициската  ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека Владата е во тајна комуникација со Груевски. Во интервју за германскиот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Христијан Мицкоски, говори за како што вели, валкани дилови меѓу власта и екс премиерот кои би му донеле слобода по враќањето во Македонија, а како замена, тој да помогне за донесување на уставните измени.

Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата Владата верува дека може да ја подели нашата партија. Но, тоа нема да успее. За да издејствува уставни измени, владата подготвува валкани дилови. Таа планира да му вети кривична неказнивост на во Унгарија побегнатиот поранешен премиер Никола Груевски за тој да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот, наведува Мицкоски.

Експресно се огласи Груевски. Го повика Мицкоски да одговори на две прашања, Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум и „Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што, јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата. Се надевам, пишува Груевски, дека, одговорот ќе е јасен, недосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на претставници на партијата, портпароли или други медиуми со кои има блиска соработка“, наведува Груевски на Фејсбук.

Обвинувањата на Мицкоски упатени до неговиот претходник доаѓаат по неодамнешните измени во кривичниот законик со кој од обвинение се ослободуваат функционери кои одговараа за злоупотреба на службената положба.

Во меѓувреме И Груевски и Заев го демантираа Ахмети по информациите дека на тајни средби договарале измени на Кривичниот законик. Тврдат дека нема ниту збор вистина во неговите изјави дадени во две телевизиски интервјуа.

Ахмети пак не гледа зошто измените се поврзуваат со бенефиции за Груевски за кој смета дека бил неправердно оцрнуван во очите на албанците преку кампања на СДСМ.