Постигната рекордна премија во играта на среќа ЛОТО 7

Државна лотарија известува дека во 64 коло од играта на среќа ЛОТО 7, постигната е лото-премија во вредност од 109 012 304,50 денари, (над 1,7 милион евра). Извлекувањето се реализираше , во сабота, на 10ти август 2024 г., со пренос во живо на Канал 5 телевизија.
Според податоците од системот, дознаваме дека уплатата е извршена на продажното место ВЛАДИЈА 2011, во Охрид. Уплатени се 10 лото-комбинации, а добитна е 6-тата комбинација со броевите: 7, 10, 27, 31, 33, 35, и 36.
Ова е 28-ма лото-премија од почеток на приредување на игрите на среќа на Државна Лотарија (од 2010 година), а во едно и најголемата која е постигната до сега.
За 7-ка досега се славеше во: Свети Николе, Неготино, Тетово, Струмица, Кавадарци, Кичево, Куманово, Битола и Скопје.
Ја поздравуваме одлуката на лото-играчите коишто досега јавно го споделија своето искуство – какво е чувството кога ќе се добие 7-ка на ЛОТО 7.
Веруваме дека наскоро ќе се запознаеме и со нашиот најнов добитник и ќе ви ја пренесеме среќната приказна на најновиот лото милионер.
Во тек е уплатата за коло 65, а премијата за 7-ка изнесува 10 000 000 денари, премија која е гарантирана од страна на Државна лотарија.
Во наредниот период Ви предлагаме онлајн учество на www.loto.mk, во играта на среќа со најголема добивка во државата ̶ Играта ЛОТО 7.
Ново на Сител
-

Разговорите пропаднаа откако двете страни зазедоа цврсти ставови – што се случува понатаму?
-

Собраниска делегација учествува во набљудување на изборите во Унгарија
-

Трамп најави УФЦ борба во Белата куќа за својот 80-ти роденден
-

Божиновска: Денес, повеќе од кога било, ни треба вера и избор да останеме луѓе, да подадеме рака и да не се откажеме еден од друг
-

Пакистан ќе продолжи да помага во мировните преговори меѓу САД и Иран
-

Мицкоски со честитка: Само заедно, со меѓусебна почит можеме да ја градиме државата каква што ја заслужуваме стабилна, праведна и напредна
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден
-

Пролетно утро со темепратури над нулата
