Постигнат договор за Законот за државјанство
Власта и алабанската опозиција постигнаа конечен договор за законот за државјанство. Закoнското решение, како што објавуваат двете страни ќе влезе во собраниска процедура наредната недела.
Одбиено е барањето на Алијанса на Албанците и Алтернатива македонско државјнство да се добива и само со познавање на албански јазик, бидејќи тоа било противуставно.
Според догoвореното, македонско државјанство ќе добијат сите оние кои од 90-тите години на минатиот век живеат на оваа територија, но не биле нејзини државјани.
При тоа постојаното живеалиште тука ќе треба да го докажат со неколку документи, како што се пример свидетелства за завршено училиште.
Владата и албанската опозиција влегоа во разговори откако власта го одби предлогот на Алијанса и Алтернатива државјанство да се добива по пат на сведоци. За возврат пратениците на Села и Гаши поднесоа стотици амандмани на над 20-тина закони со што ја блокираа работата на парламентот. По поднесувањето на договорениот закон се очекува амандманите да бидат повлечени.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар