Македонија
16. April 2018 - 16:10

Постигнат договор за дел од законите за правосудство

Судиите кои нема да ги почиуваат одлуките од Судот за човекови права во Стразбург или кои ќе издадат калсифицирани податоци кои ги дознале во вршењето на својата функција ќе се соочат со разрешување. Строги казни ќе има и за судиите кои ќе ги развлекуваат судските постапки. Власта ги прифати клучните предлози на опозциската ВМРО-ДПМНЕ за заострување на дисциплинската одговорност на судиите. Измените веќе поминаа на комисијата за политички систем, се чека наредната недела да поминат и на пленарна седница.

Власта го прифати и предлогот на опозцијата во законот за судски совет- претседателот на Врховниот суд да го задржи правото на глас во советот. Сепак, ова не се единствените измени во правосдуството кои ќе се договараат со опозцијата.

Неусогласени се законите за јавно обвинителство и кривична постапка. Ќе се догвоараат и нови измени на законот за судови и судскиот совет кои треба да бидат усогласени од јуни.

Од изборните реформи, власта и опозцијата се договорени наскорор да биде избрана ДИК и тоа како преодно решение по стариот модел, односно со партиски членови, а предводена од опозицијата. Проблем во изборните реформи е бројот на изборни единици. Пакетот треба да биде затворен до септември.

Најголемо неусогласување во работните групи има кај медиумските реформи. Опозцијата бара да се одредат пошироки критериуми за избор на членовите на Агенцијата за медиуми и советот на МРТ и да се отфрли потребата од препораки од невлаидни организации. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ бара казните за медиумите Агенцијата да ги носи согласно препораките на професионалната служба во Агенцијата, а не како право на директорот.