Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на својот Фејсбук профил извести дека низ општината се поставени сите 30 уреди за мерење на бучава.
-Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар.
Ги покривме најфреквентните локации низ општината, а врз основа на овие мерења нашите инспекциски служби вршат редовни контроли на терен.
Овие уреди не препознаваат гласови – се мери амбиенталната бучава во децибели и фреквенцијата на звукот, со цел побрза и поефикасна реакција на инспекцијата.
Податоците служат како показател за дополнителна проверка, а санкции се изрекуваат исклучиво по официјални мерења од акредитирана лабораторија, согласно закон.
Фокусот е ставен на бучавата од угостителските објекти и сообраќајот, затоа што јавниот мир и квалитетот на живот на центарци се наш приоритет.
Работиме системски
Работиме транспарентно
Работиме во интерес на граѓаните, стои во објавата на Герасимовски.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
-

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ продолжува во Росоман
-

Македонија се доближува до европскиот просек на произведена струја од обновливи извори на енергија
-

Почнува пролетта
-

Променливо облачно со сончеви периоди
