Поставени и осветени темелите на нова црква во Охрид
На локалитетот Чекоштина на самиот влез во Охрид денеска на свечен начин и според православните обичаи беше поставен и осветен камен-темелникот на нова црква што ќе го носи името „Свети Никола“.
Претседателот на Иницијатвниот одбор за изградба на православниот храм Цветко Грозданов истакна дека идејата за изградба на црква на таа локација произлегува од податокот што на тоа место постоела црква, има параклис посветен на Свети Никола, а со намера да изгради православен храм за верниците од тој дел на градот.
- Согласно новиот Детален урбанистички план за Охрид, локалитетот Чекоштина ќе биде урбана средина, така што сите православни граѓани кои ќе живеат тука ќе имаат место каде да се помолат, да го најдат мирот, рече Грозданов.
Членовите на Иницијативниот одбор се подготвени сами да ја финансираат изградбата на главниот дел на храмот, додека дел од средствата за нејзина целосна изградба ќе се собираат по пат на донации. За сите оние што сакаат да донираат средства за таа намена, Грозданов повика да донираат исклучиво преку жиро-сметка на Дебарско-кичевската епархија, со назнака на уплатата за изградба на православната црква „Свети Никола“.
Православниот храм се гради на специфична локација на ритчето од левата страна од магистралниот пат од Скопје кон Охрид, пред клучката на самиот влез од градот. Предвидено е главниот дел од градежните работи на црквата да бидат завршени за околу две години, додека фрескоживописот во црквата ќе се одвива постепено, зависно од можностите. Во рамки на новиот храм предвидена е и изградба на голема камбанарија, висока 17 метри, чие ѕвоно ќе се слуша се до стариот дел на Охрид.
Ново на Сител
-
Нема ризик за безбедноста, државата е во сигурни раце, вели Мицкоски
-
Вработен во Финансиска полиција осомничен во случајот „Државна лотарија“
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна дневница или никој
-
Мао: Кина нема да чека да и бидат загрозени безбедносните интереси
-
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патот Тетово – Попова Шапка
-
Папата Франциск ја отвори „светата врата“ во затвор на периферија на Рим
-
Во Азербејџан е ден на национална жалост во спомен на жртвите од вчерашната авионска несреќа