Македонија
3. October 2018 - 15:39

Поставени автобуски постојки во општина Росоман

 Поставени се автобуски постојки во општина Росоман. Се работи за проект кој росоманската локална самоуправа го реализираше во соработка со германската фабрика „Дрекслмаер“ од Кавадарци.

- Локалната самоуправа ја изгради основата за поставување на постојките, а германската компанија ги донираше, три во Росоман и по една во селата Сирково и Манастирец, информираат од Службата за односи со јавноста на Општина Росоман.